e-Society.mk

2009
2008
2007
2006
2005
Контакт
Политика за приватност

Одржана Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк: „Јас медиум“ Испечати Е-пошта
Заврши петтата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Јас медиум“. Истата траеше два дена и беше насочена кон улогата на новите медиуми во поткрепувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени.

e-society.mk-2009Повеќе од двесте учесници од седум земји (Македонија, Франција, Обединетото Кралство, Полска, Ерменија, Косово, САД) присуствуваа на Петтата меѓународна конференција е-Општество.Мк – насловена „Јас медиум“ – која се одржа во Скопје на 2 и 3 декември, 2009 г. Дводневниот настан се осврна на улогата на новите медиуми во одржувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени, преку презентации од страна на експерти и носители на одлуки на високо ниво. Освен на сесиите и тркалезните маси, во дискусиите беа вклучени и луѓе кои не можеа да учествуваат директно на самото место, но кои беа во можност да дадат свои мислења и придонес преку новите медиуми, вклучувајќи ги Твитер, Фејсбук, блогови и други веб-сајтови.

Првиот ден беше резервиран за излагања на повеќе наши и меѓународни експерти од областа на технологијата, политиката, новинарството, блогерството и социјалниот активизам во рамките на 3 работни сесии, при што после секоја следуваше активна дискусија.Белешки за сесиите од првиот ден можете да прочитате на IT.com.mk

Вториот дел од овогодишниот настан беше во вид на тркалезна маса на која во фокусот беше улогата и искористеноста на новите медиуми во процесот на пренесување информации, наспроти доминацијата на традиционалните медиуми на овој план. По двочасовната дискусија која ја затворија министерот за информатичко општество г. Иво Ивановски и г-а  Изабел Гинел, прв секретар на Амбасадата на Р. Франција во Скопје, конференцијата беше официјално завршена.

Видео излагањата на говорниците се достапни овде. Дел од атмосферата на конференцијата можете да почувствувате и преку фотографиите поставени на фликр, како и од пораките кои во живо масовно се испраќаа преку твитер.
 
Нацрт заклучоците од конференцијата може да ги најдете тука
 
< Претходно

Организатор


 

. Powered by Joomla. Technical implementation: Metamorphosis Foundation.