e-Society.mk

2008
2007
2006
2005
Контакт
Политика за приватност

Одржана конференцијата e-Општество.Мк 2007
e-society2007Третата меѓународна конференција „е-Општество.Мк 2007“ се одржа во Скопје, Македонија на 29 и 30 ноември, 2007 г. на тема „Инклузивна е-власт“ во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан”.
Проектот има за цел да ја зајакне соработката и координацијата меѓу сите носители на одлуки, владини претставници, како и претставници на деловниот, академскиот и невладиниот сектор за да се подобри квалитетот и да се подигне нивото на употребливост и пристапност на услугите што се нудат од јавната администрација по електронски пат.
 
 
Инклузивна е-власт во Западен Балкан
Поголемиот дел од учесниците во работилниците за инклузивна е-власт кои се одржаа во главните градови на шест балкански земји, сметаат дека нивните земји имаат воспоставено мал број на механизми за е-инклузивност и интероперабилност, иако интересот за развојот на е-власт е голем.
 
Работилниците се одржаа во рамките на проектот “Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“ со цел да се претстави првичното истражување за нивоата на софистикација и инклузивност на владините е-услуги спроведено од партнерите во проектот со користење на Кепџемини методологијата која се користи на ниво на ЕУ, со цел да се подготви сеопфатен план за развој на регионалната е-власт и да се олеснат заедничките напори на земјите кои имаат аспирации наскоро да станат членки на ЕУ.
> > >
 
Извештај од работилницата „Инклузивна е-власт“ одржана во Црна Гора
Институт за стратешки студии и прогнози

Проект: Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан
Истражување на ИССП и активности во рамки на проектот

Црна Гора е ориентирана кон концептот на развиено информатичко општество и реформи во ИКТ секторот се спроведуваат уште од 2001 г. Институтот за стратешки студии и прогнози (ИССП) исто така ја согледа важноста на развојот на информатичкото општество и стана дел од регионалниот проект „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“ поддржан од програмата Исток-Исток. Тимот на ИССП (Милица Даковиќ и Мирза Мулешковиќ) ја спроведе првата анализа на јавните услуги обезбедувани преку интернет во Црна Гора во 2007 г. Резултатите од ова истражување беа презентирани на регионалната конференција е-Општество.Мк која се одржа во Скопје, Македонија, во организација на фондацијата Метаморфозис.
> > >
 
Извештај од работилницата „Инклузивна е-власт“ одржана во Хрватска
Иако Хрватска постигна значаен напредок во развојот на јавните е-услуги, некои групи од населението како што се лицата со хендикеп или старите лица, не беа консултирани во текот на тој процес. Поради тоа, некои од услугите не се прилагодени на потребите на лицата со хендикеп за кои придобивките од е-услугите би биле големи. Дигиталниот јаз во земјата исто така не е опфатен иако има иницијатива на Министерството за економија да постави интернет клубови за малите и средни претпријатија во руралните области на Хрватска. Компјутерската писменост е составен дел на школската наставна програма но и тука не е опфатена постарата популација. Е-учењето добива се поголем замав во Универзитетот во Загреб, но студентите со посебни потреби досега не го исползуваа.
> > >
 
Извештај од работилницата „Инклузивна е-власт“ одржана во Босна и Херцеговина

Работилницата за инклузивна е-власт во Сараево беше организирана на 13 декември и се одржа во просториите на Алумни центарот за постдипломски студии (АЦИПС). За жал, немаше доволен одѕив од поканетите странки, и имаше мал број на присутни.
 
На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за транспорт и врски на БиХ, иницијативата еСЕЕ, Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, неколку НВОи и Теледомови - НВО ориентирана кон бизнис. Претставници на партнерските организации од Македонија (4-члена делегација), Србија и Црна Гора исто така учествуваа на работилницата. Работилницата ја отвори Валентина Пелицер, извршна директорка на Еден Свет – Платформа за Југоисточна Европа и Сањин Бужо, координатор во истата организација.
> > >
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 5 од 9

Организатор


 

. Powered by Joomla. Technical implementation: Metamorphosis Foundation.