|
Третата меѓународна конференција „е-Општество.Мк 2007“ се одржа во Скопје, Македонија на 29 и 30 ноември, 2007 г. на тема „Инклузивна е-власт“ во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан”.
Проектот има за цел да ја зајакне соработката и координацијата меѓу сите носители на одлуки, владини претставници, како и претставници на деловниот, академскиот и невладиниот сектор за да се подобри квалитетот и да се подигне нивото на употребливост и пристапност на услугите што се нудат од јавната администрација по електронски пат.
|
|
|
Поголемиот дел од учесниците во работилниците за инклузивна е-власт кои
се одржаа во главните градови на шест балкански земји, сметаат дека
нивните земји имаат воспоставено мал број на механизми за
е-инклузивност и интероперабилност, иако интересот за развојот на
е-власт е голем.
Работилниците се одржаа во рамките на проектот “Мрежа за инклузивна
е-власт во Западен Балкан“ со цел да се претстави првичното истражување
за нивоата на софистикација и инклузивност на владините е-услуги
спроведено од партнерите во проектот со користење на Кепџемини
методологијата која се користи на ниво на ЕУ, со цел да се подготви
сеопфатен план за развој на регионалната е-власт и да се олеснат
заедничките напори на земјите кои имаат аспирации наскоро да станат
членки на ЕУ.
|
|
> > >
|
|
|
Иако Хрватска постигна значаен напредок во развојот на јавните
е-услуги, некои групи од населението како што се лицата со хендикеп или
старите лица, не беа консултирани во текот на тој процес. Поради тоа,
некои од услугите не се прилагодени на потребите на лицата со хендикеп
за кои придобивките од е-услугите би биле големи. Дигиталниот јаз во
земјата исто така не е опфатен иако има иницијатива на Министерството
за економија да постави интернет клубови за малите и средни
претпријатија во руралните области на Хрватска. Компјутерската
писменост е составен дел на школската наставна програма но и тука не е
опфатена постарата популација. Е-учењето добива се поголем замав во
Универзитетот во Загреб, но студентите со посебни потреби досега не го
исползуваа.
|
|
> > >
|
|
На 11.12.2007 во хотелот Палас во Белград се одржа работилницата на
тема „Инклузивна е-власт“. На работилницата присуствуваа повеќе од 40
претставници од владини тела и релевантни организации, како и гости од
Босна и Херцеговина, Република Македонија и Црна Гора.
Работилницата започна со воведниот говор на Слободан Вучковиќ од
Републичкиот завод за информатика и интернет (РЗИИ) на Република Србија
и Милорад Бјелетиќ од БОШ (Београдска отворена школа) Тие накусо го
презентираа порталот www.euprava.gov.yu за кој повеќе се зборуваше во
понатамошниот тек на работилницата (степенот на софистицираност на
е-услугите оценети со истражувањето направено според методологијата на
Европската комисија).
|
|
> > >
|
|
Работилницата за инклузивна е-власт во Сараево беше организирана на 13
декември и се одржа во просториите на Алумни центарот за постдипломски
студии (АЦИПС). За жал, немаше доволен одѕив од поканетите странки, и
имаше мал број на присутни.
На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за
транспорт и врски на БиХ, иницијативата еСЕЕ, Министерството за
внатрешни работи на кантонот Сараево, неколку НВОи и Теледомови - НВО
ориентирана кон бизнис. Претставници на партнерските организации од
Македонија (4-члена делегација), Србија и Црна Гора исто така
учествуваа на работилницата. Работилницата ја отвори Валентина Пелицер,
извршна директорка на Еден Свет – Платформа за Југоисточна Европа и
Сањин Бужо, координатор во истата организација.
|
|
> > >
|
|
|
Институт за стратешки студии и прогнози
Проект: Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан
Истражување на ИССП и активности во рамки на проектот
Црна Гора е ориентирана кон концептот на развиено информатичко општество и реформи во ИКТ секторот се спроведуваат уште од 2001 г. Институтот за стратешки студии и прогнози (ИССП) исто така ја согледа важноста на развојот на информатичкото општество и стана дел од регионалниот проект „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“ поддржан од програмата Исток-Исток. Тимот на ИССП (Милица Даковиќ и Мирза Мулешковиќ) ја спроведе првата анализа на јавните услуги обезбедувани преку интернет во Црна Гора во 2007 г. Резултатите од ова истражување беа презентирани на регионалната конференција е-Општество.Мк која се одржа во Скопје, Македонија, во организација на фондацијата Метаморфозис.
|
|
> > >
|
|
Во текот на месец декември, 2007 г., ќе се одржат четири работилници во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“.
Работилниците ќе се организираат во следните градови:
- 11 декември 2007 г., Белград, Србија, организирана од Белградска отворена школа (БОШ)
- 13 декември 2007 г., Загреб, Хрватска, организирана од ЗаМирНет
- 13 декември 2007 г., Сараево, Босна и Херцеговина, организирана од OneWorldSEE
- 20 декември 2007 г., Подгорица, Црна Гора, организирана од Институт за стратешки студии и прогнози
|
|
> > >
|
|
|
Фондацијата Метаморфозис организираше работилница на тема „Инклузивна е-Власт во Македонија“, која се одржа во просториите на Стопанска комора во Скопје на 23 ноември 2007 година. На работилницата присуствуваа 25 претставници на владини институции и невладини организации, како и тричлена делегација од регионот Долна Нормандија во Франција - партнери на фондацијата Метаморфозис.
|
|
> > >
|
|
|
На 26-ти ноември, 2007 г., во Тирана, Република Албанија, се одржа работилница во рамките на проектот „Мрежа за инклузивна е-Власт во Западен Балкан“.
На работилницата учествуваа претставници од академскиот и невладиниот сектор, од министерствата и други владини институции, како и советникот за ИКТ на премиерот Сали Бериша, г. Пјерин Марку.
|
|
> > >
|
|
|
|
|