Карина Доневска
раководител на секторот за информатичка технологија во
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија
Образование: Електротехнички факултет, Компјутерска техника информатика и автоматика
Активности:
Организација и координација на работните активности на секторот за информатичка технологија во областа на проектирањето на информациониот систем на Генералниот секретаријат и Владата. Подготовка, спроведување и следење на насоките на е-Влада.
Координација на активностите за имплементација и развој на проектите:
uslugi.gov.mk - информативен портал за сите граѓани на Република Македонија преку кој се овозможува едноставен пристап до услугите на јавната администрација, gs.gov.mk - интранет портал на Генералниот секретаријат на Владата кој опфаќа: процесирање на Пратеничките прашања од Собранието на Република Македонија, следење на реализација на заклучоците донесени на Седница на Влада и формирање и следење на реализацијата на Годишната програма на Владата.
Е- седница на Влада – целосна имплементација на Електронска седница на Влада
Претставник на Македонската Влада во ИТ тимот на Tweening проектот помеѓу Владите на Република Македонија и Република Словенија во делот развој на Владините информациони системи и преземање на позитивните Словенечки искуства.
Координатор, од страна на Генералниот секретаријат на ИКТ компонентата на Проектот за процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија.
E-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете