-
Милица Даковиќ, аналитичар од ИССП
-
Дејана Вратница – Радовиќ, општина Подгорица
-
Милена Никчевиќ, Републички секретаријат за развој
Дејана Вратница го презентираше тековниот проект „Милениум“ – е-град
Подгорица, додека Милица Даковиќ ги презентираше првичните резултати од
истражувањето за онлајн софистикација на услугите во Црна Гора.
Конференција во Подгорица
Со цел да се презентираат првичните резултати, ИССП организираше
конференција за презентирање на софистикацијата на е-услугите која беше
поддржана од Републичкиот секретаријат за развој. Конференцијата се
одржа во салата за конференции на Телото за управување со човечки
ресурси на 20 декември, 2007 г. Тоа беше одлична можност за
презентирање на тековните проекти во Црна Гора од областа на е-услугите
како и презентација на резултатите од другите земји од регионот
(Србија, Македонија и Албанија). Конференцијата исто така претставуваше
можност за отворен дијалог со други претставници на јавните институции
во Црна Гора кои придонесоа за овој настан и разменија идеи околу
сегашното и идното ниво на софистикација на нивните е-услуги. Со
организирањето на оваа конференција, ИССП ја промовираше идејата за
важноста на идниот развој на е-услугите за граѓаните и бизнисите во
Црна Гора.
На конференцијата присуствуваа претставници од другите институции од
регионот кои се исто така вклучени во проектот Мрежа за инклузивна
е-власт во Западен Балкан. Имаше претставници од Македонија, Србија и
Албанија. На конференцијата присуствуваа повеќе од 30 претставници од
владините тела и институции кои беа вклучени во истражувањето поврзано
со софистикацијата на е-услуги.
Конференцијата ја отвори г. Душан Симоновиќ, генерален секретар на
Републичкиот секретаријат за развој заедно со г-ца Јадранка
Калуѓеровиќ, програмски директор на ИССП. Филип Стојановски од
фондацијата Метаморфозис ги претстави целите на регионалниот проект. По
воведните говори, Мирза Мулешковиќ од ИССП им ја претстави
истражувачката методологија на учесниците и медиумите која се
користеше за ова истражување. Милица Даковиќ ги презентираше првичните
резултати за софистикацијата на јавните е-услуги во Црна Гора.
Првичните резултати покажаа дека сегашното ниво на софистикација во
Црна Гора е 45 проценти.
Во текот на наредната сесија, Дејана Вратница од општина Подгорица го
презентираше проектот „Милениум“, првиот проект за е-услуги за
граѓаните (е-град Подгорица) Војин Голубовиќ од ИССП, наместо г.
Предраг Ѓурасовиќ од НВО „Мрежа“, го претстави првиот образовен портал
во Црна Гора. (
www.skole.cg.yu).
За време на третата и последна сесија, претставниците од земјите во
регионот ги претставија резултатите од нивното истражување.
Надоврзувајќи се на тоа, Наташа Радовиќ од Белградската Отворена Школа
ги презентираше резултатите од Србија. Дејан Спасов од Институтот за
информатика од Скопје ги презентираше резултатите од Македонија.
Претставниците од Албанија исто така дадоа краток преглед на
моменталната состојба во Албанија во однос на развојот на
информатичкото општество.
Претставниците на медиумите исто така присуствуваа на оваа
конференција. По конференцијата, тие ги презентираа резултатите на
јавноста, во новинарските статии во државните весници како што се
„Република“ и „Побједа“. Информации за проектот, резултатите од
конференцијата и истражувањето исто така се објавени на веб-сајтот на
ИССП (
www.isspm.org) и КафеделМонтенегро (
www.cafemontenegro.cg.yu).
ИССП исто така објави напис за првичните резултати во списанието за
бизнис „Бизнис Црна Гора“ како и во првото списание за ИТ во Црна Гора
„БИТ“.
Основни заклучоци од конференцијата:
Црна Гора е земја која е сериозно посветена на развојот на информатичкото општество.
Иако сме посветени на развој на информатичкото општество, проектот за
е-власт е во почетна фаза во Црна Гора и очекуваме повеќе проекти и
активности за време на 2008 г. Владата во Црна Гора го потпиша
договорот со корпорацијата Мајкрософт и нејзините локални партнери од
Црна Гора со цел да се имплементираат решенијата за е-власт. Може да
кажеме дека проектот за е-власт започна во Јули 2007 г., кога владината
комисија за економска политика го организираше првиот состанок или
состанок „без хартија“.
Идните и тековните проекти поврзани со е-услугите во Црна Гора
позитивно ќе влијаат на постоечките параметри поврзани со нивото на
е-софистикација во иднина.