Работилницата за инклузивна е-власт во Сараево беше организирана на 13
декември и се одржа во просториите на Алумни центарот за постдипломски
студии (АЦИПС). За жал, немаше доволен одѕив од поканетите странки, и
имаше мал број на присутни.
На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за
транспорт и врски на БиХ, иницијативата еСЕЕ, Министерството за
внатрешни работи на кантонот Сараево, неколку НВОи и Теледомови - НВО
ориентирана кон бизнис. Претставници на партнерските организации од
Македонија (4-члена делегација), Србија и Црна Гора исто така
учествуваа на работилницата. Работилницата ја отвори Валентина Пелицер,
извршна директорка на Еден Свет – Платформа за Југоисточна Европа и
Сањин Бужо, координатор во истата организација.
г. Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис го претстави проектот „Мрежа за инклузивна е-власт во Западен Балкан“. Потоа следеа презентации од истражувања за е-власт во регионот. Од Србија, Наташа Радовиќ го презентираше истражувањето на Белградската Отворена Школа, Дејан Спасов од Институтот за информатика во Скопје, Војин Голубовиќ од Институтот за стратешки студии и прогнози во Подгорица и Сањин Бужо од Еден свет – платформа за Југоисточна Европа во Сараево.
Во продолжение следеа презентациите за проектот Ви-Го на Климент Кочовски, и презентација на “е-предизвици во БиХ“ од Валентина Пелицер. По презентациите, започнавме со дискусија за презентациите и нивото на развиеност на е-услугите на Балканот.
Конечно, работилницата продолжи со дискусија за предизвиците со кои се соочува развојот на е-услугите во БиХ и потребните чекори за подобрување на состојбата во БиХ. Главни теми на дискусија беа: Развојна стратегија и нејзината имплементација, политичка волја за подобрување на е-услугите, финансиски ресурси, ефекти од регионалните иницијативи, аспекти на инклузија, образование итн. На крајот, работилницата резултираше со следните заклучоци:
• Потребно е да се спроведе истражување на сите институционални нивоа во БиХ
• Потребна е анализа на постоечките документи и стратегија
• Измени на документите
• Подготвување на список на приоритети
• Систематски пристап при решавањето на проблеми. (примери за примена на успешна пракса)
• Имплементацијата на ИКТ стандарди мора да се земе предвид при развивањето на е-услугите
• Потребна е едукација на медиумите, граѓаните и руралните области
• Подобрување на интернет пенетрацијата
Во однос на наредните активности, главниот фокус ќе биде на спроведувањето на истражувањето на сите институционални нивоа во БиХ и соработката со Министерството за комуникации на БиХ кое е одговорно за имплементација на стратегијата за развој на е-услуги во БиХ.
|