Иако околностите може да бидат различни на државно ниво, активностите кои водат до воспоставувањето на инклузивни е-владини услуги во земјите од Западен Балкан следат сличен модел. Тие се базираат на потребата за надминување на остатоците од тоталитарните системи од минатото и последиците од транзицијата, како и на желбата и посветеноста на народите од регионот за подобрување на секојдневниот живот врз основа на развојот на демократските општества и интеграцијата во Европската унија.
Фаза 1
Процена на постојните државни политики и стратегии поврзани со е-власта, користејќи ги истите како основни.
• Доколку во документите нема обврски за создавање и одржување на инклузивни е-услуги, тогаш оваа одлика треба да им се додаде соодветно.
• Доколку документите сепак вклучуваат такви обврски, носителите на одлуки и пошироката јавност треба да бидат информирани за овие прифатени обврски.
Фаза 2
Усогласување со меѓународно прифатената рамка за развој.
• Потпишување и ратификација на сите важни меѓународни документи, особено конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп, од страна на државните влади и парламенти, соодветно.
• Усогласување на законодавството со релевантните директиви на ЕУ, или усвојување на такво законодавство каде што недостига. Директивите на ЕУ не се само шематски планови за законите и законите коишто се засноваа само на преведување на директивите се покажаа како целосно неконсеквентни во регионот и пошироко. Директивите обезбедуваат упатства за државните закони кои треба да се усвојуваат преку регуларен легислативен процес врз основа на локалниот контекст.
Фаза 3
Ажурирање на националните законски рамки преку транспарентен, инклузивен и партиципативен јавен процес:
• Инкорпорирање на одредбите од меѓународните документи на ниво на ООН и ЕУ.
Фаза 4
Во законодавните промени исто така треба да влезе и усвојувањето на низа стандарди за развој на е-власта на државно ниво. Како во случајот со Препораките за ИКТ стандарди во државната администрација на Република Македонија, овие стандарди мора да се базираат на Европската рамка за интероперабилност за пан-европските е-владини услуги, следејќи ги општите принципи на: пристапност, повеќејазичност, безбедност, приватност, супсидијарност и употреба на отворени стандарди.
Во применливите стандарди спаѓаат:
• W3C Иницијатива за пристапност на интернет -
WAI упатства
• ISO/IEC TR 19766:2007 Информатичка технологија - Насоки за дизајнирањето на икони и симболи пристапни за сите корисници, вклучувајќи ги старите лица и лицата со хендикеп.
• ISO/IEC TR 19765:2007 Информатичка технологија – Истражување на иконите и симболите што обезбедуваат пристап до функции за подобрување на употребата на производи од информатичката технологија од страна на постарите и лицата со хендикеп.
• ISO/IEC 17799:2005 Информатичка технологија – безбедносни техники – Кодекс за практиката на управување со информациската сигурност
• ISO/IEC 27001:2005 Информатичка технологија – безбедносни техники – Системи за управување со информациска сигурност – Услови
Фаза 5
Воспоставување на механизам за обезбедување на континуиран мониторинг и евалуација на имплементацијата на принципите за инклузивна е-власт врз основа на критериумите и показателите користени на ниво на ЕУ.
Фаза 6
Распределување на ресурси – средства (од државниот буџет, локални извори и меѓународни фондови, вклучително и иницијативи за јавно-приватно партнерство) и човечки капацитети – за имплементација на проекти за инклузивна е-власт.
Реализација на проекти за инклузивна е-власт преку транспарентен и партиципативен процес, со прецизно мерење на трошоците и влијанието.